Предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид, општинскиот буџет, утврдувањето на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година, се дел од точките од дневен ред на последната за оваа година седница на советот на општина Охрид, закажана на 26-ти декември, четврток со почеток во 11 часот.
Советниците ќе расправаат и за програмите за работа на секторите при локалната самоуправа, како и јавните претпријатија за наредната 2020 година..












