Пловидбата за сите пловни објекти во Каналот „Билјанини извори“ во четврток 18-ти август ќе биде забранета во периодот од 09 до 12 часот, соопшти Капетанијата на пристаништата – Охрид.

Од Капетанијата информираат дека времената забрана се воведува заради непречено одвивање на  централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Македонија, 18-ти август, што ќе се одржи во Охрид.

OhridNews