Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека во четврток, 6-ти април,екипите на претпријатието ќе вршат интервенции на водоводната мрежа, односно преземање редовни годишни активности како што се: измивање на резервоари и водоводни линии, поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти.

Акцијата опфаќа измивање и дезинфекција на сите резервоари и водоводни линии поради што ќе има прекин на водоснабдувањето во град Охрид и околните населени места чии водоснабдителни системи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид.

Прекинот ќе биде од 5 до 17 часот.

OhridNews