Се известуваат сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид, дека на ден четврток, 3-ти мај, ќе се спроведе голема акција која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти.

Поради сложеноста на активностите ќе има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на општина Охрид, почнувајќи од 01:00 часот по полноќ на 3-ти мај па се до 19 часот вечерта.

Се молат корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби.

OhridNews