
За локалната самоуправа ваквото објаснување на Капетанијата не држи затоа што со крајбрежјето стопанисува државата и нејзина обврска е да се грижи и ја одржува инфраструктурата, вклучително и градскиот кеј. Од локалната остануваат на ставот дека оштетениот кеј треба да го санира државата, а доколку тоа не биде направено, општината ќе биде приморана да воведе забрана за движењето на деловите каде постои ризик од поголеми оштетувања на шеталиштето.












