
–При неодамнешната посета на Цирих со градоначалникот на овој град и претставници на меѓународни фондови разговаравме за изградба на дом за стари лица во што би помогнала и државата Швајцарија. Исто така преговарав и за изградба на едно училиште и спортска сала, како и за набавка на комунална опема неопходна за одржување на јавната хигиена Првична согласност е постигната и јас верувам дека од на есен ќе почнеме со реализација на овие проекти, изјави Петрески.

Цената на чинење на целокупниот проект ќе зависи од идејното решение според кое ќе се подготви финансиската конструкција, вели Петрески, кој е оптимист дека изградбата на домот за стари лица ќе се реализира.
Потребата од изградба на ваков дом на неколку пати ја актуелизираше и здружението на пензионерите од Охрид. Во 2007 година тоа формираше иницијативен одбор за изградба на пензионерски дом, кој според организацијата град како Охрид неопходно треба да го има.











