Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца и општина Дебарца, по повод 71 година од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во село Сливово и Патронатот на ЦОУ “Дебарца”, организираат свечаност.

Во рамки на одбележувањето ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во село Сливово, а пред присутните ќе се обрати претставник од Сојузот на борците.

Предвидено е и положување на свежо цвеќе на споменикот на Трајче Дојчиноски во Белчишта, посета на спомен собата од НОБ, презентација на ликовна изложба во училишниот хол, како и продажна акција на традиционална храна од нашето подрачје.

OhridNews