Опозицијата извојува голема победа во поголем дел од општините на овие Локални избори. Досега според податоците на ДИК обработени се податоците од 21 општина од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021.

Според веб апликацијата на Државната изборна комисија во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ – 46,88 проценти, додека во Дебарца независниот кандидат Зоран Ногачески има 52,81 отсто од гласовите, а Игор Крцоски од СДСМ има 44,74 проценти од гласовите.

Размиз Мерко од ДУИ во Струга освои од досега пребројаните податоци од ДИК 11 741 глас односно 51,75%, додека кандидатот од Алијанса за албанците, Идри Истрефи освои 10 084 односо 44,45%.

ВМРО ДПМНЕ има водство и во Скопје каде ја поддржа кандидатката за градоначалник Данела Арсовска која е во водство со освоени 55,48 отсто од гласовите, пред Петре Шилегов кој освоил 40,99 проценти.

OhridNews