Граѓаните на Дебрца се посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година. Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец” во Белчишта е најдобриот паметник за тоа, истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.

Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите. 9 Мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат, истакна Ногачески.

По повод 9 Мај, Денот на победата над фашизмо,т делегација на СБ од Охрид и Дебрца, општина Дебрца, здружение на ветераните од одбраната и безбедноста – огранок Охрид, здружение на резервни старешини и други, положија свежо цвеќе на споменикот во месноста Раштани кај село Белчишта.

OhridNews