Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца  дека утре, 2- ри јули, екипи од Центарот за јавно здравје Охрид  ќе ја  спроведат првата теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 5  часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап  возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината, подрачјето на река  Сатеска, локалитетите со застојни  водени површини, урбани населби и локалитети предвидени  во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Третирањето ќе се изведе со препаратот  AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  046/ 231 881, 046/ 230 231.

OhridNews