Од локалната самоуправа на општина Дебарца, информираат дека на 22 јули (понеделник) со почеток во 11 часот , во просториите на Општина Дебарца ќе се одржи едукативно информативна работилница за можностите за искористување на средствата од Агенцијата за рурален развој.

Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства на корисници,висина на финансиска подршка (ИПАРД Програма),национални програми,исплата на субвенции и сл.

Од посебен интерес и значење е на состанокот да присуствуваат  претседателите на месните заедници од сите села во Општина Дебарца.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со програми и планови за уредување на туристички и излетнички локалитети во руралните области, како и обнова на електрична мрежа ,пристапни патишта до 1км, обнова на водоводни инсталации и др.Зафатите би се реализирале преку кофинансирање на проектите со средства од Агенцијата за рурален развој и други агенции.
Работилницата е во соработка со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 год.

OhridNews