Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започнува обука за спасители која ќе се одржи во периодот од 21 до 28 јуни. Обуката ја спроведуваат лиценцирани инструктори за безбедност на вода, според меѓународните стандарди на International Life Saving (ILS).

За пријавување кандидатите треба да имаат најмалку 17 години (на денот на започнување на курсот), да се добро психо-физички подготвени и да знаат да пливаат, како и да достават потврда за здравствена способност за извршување на спортски активности, издадена од матичен лекар. ​Пред почетокот на теоретската и практичната обука, кандидатите ќе подлежат на влезни норми (пливање и нуркање).

Од Црвен крст Охрид посочуваат дека по завршување на курсот спасителите ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат, ќе имаат динамична работа во текот на летната сезона и ќе развиваат вештини за прва помош и спасувања кои спасуваат животи.

​За повеќе информации сите заинтересирани можат да се јават на телефонот 079/350-639, или да остварат контакт преку маил адресата [email protected] или на веб страната watersafetycentre.mk.

OhridNews