Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година на ниво на држава се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 401 489 илјади денари, што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во Охрид биле издадени 8 одобренија за градба на шест физички лица и два деловни субјекти. Предвидена е градба на 22 станови, со вкупна корисна површина од 1 325 м2. Предвидената вредност на објектите изнесува 76 681 илјади денари. Во овој период во Струга нема издадени одобренија за градба, велат податоците на ДЗС.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, на ниво на држава, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 70 (23.9 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 293 објекти, на 151 (51.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (48.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 439 станови, со вкупна корисна површина од 35 489 м2.
OhridNews