Во декември 2025 година во Охрид се издадени 8 одобренија за градење, по 4 на физички и на правни лица како инвеститори, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија предвидена е градба на 17 станови, со корисна површина од 1 511 м2. Предвидената вредност на објектите изнесува 118 075 илјади денари, е наведено во податоците.
Во Вевчани издадено е едно одобрение на физичко лице, а во Струга и Дебрца не е издадено ниту едно одбрение за градба.
На ниво на држава во извештајниот период издадени се 237 одобренија за градење, што е за 17.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 988 378 илјади денари, што е за 19.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидена е изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од 38 300 м2.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23.2 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 237 објекти, на 132 (55.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
OhridNews













