Во текот на декември Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи дали ќе има промени во цената на струјата, откако ЕВН ги поднесе своите пресметки.

„Ние како електрани не излегуваме со бројка околу цената. Дали таа треба да се промени, тоа е одлука на Регулаторната комисија. Нашите трошоците се во рамките на она што е предвидено со економските планови на компанијата за изминатата година“ рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

OhridNews