– Со примената на броилата со далечинско отчитување поголема ќе биде контролата на портрошувачката на вода, а многу е полесно и попрецизно читањето и пренесувањето на податоците во компјутерскиот систем, нагласува директорот на МЈП Проаква- Охрид, Златко Старкоски.
Освен во општина Охрид, проекти за монтирање на вакви современи броила веќе се започнати и во неколку други општини во земјава.
Меѓу најголемите предности од примената на броилата со далечинско отчитување се вбројуваат многу поголемата брзина на отчитување и тоа секој месец, подобрување во точноста на отчитување на водомерите поради елиминирање на пречките настанати со мануелно отчитување, водомерите сигнализираат сигурен дефект на нивната внатрешна водоводна мрежа, како и почитувањето на приватноста на корисниците на услуга, бидејќи нема да има потреба од влегување во приватни имоти поради читање на водомерите.