Снежно невреме зафати повеќе делови од Европа. Снегот предизвика големи проблеми во Полска, Франција, како и во Словенија и Хрватска, на кои им се заканува поплава.
Во Македонија веќе два дена врне дожд. Врнежите особено интензивни беа во охридскиот регион. Покрај оштетени дрвја, на површина излегоа и старите проблеми со канализацијата која нема капацитет да ги прими атмосферските води, па така дел од охридските улици викендов повторно беа под вода.
Врнежите според најавите на УХМР ќе продолжат и денес. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Кон крајот на денот на повеќе места врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 15 степени Целзиусови.