Околу 2.000 летови се откажани викендов на меѓународниот аеродром во Денвер, поради големата снежна бура што го погоди регионот.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура, наведувајќи дека се очекува од Денвер до Болдер во американската држава Колорадо, од сабота попладне до недела навечер да паднат 46 до 61 сантиметар снег, а во подножјето на планината Фронт Ренџ и до 76 сантиметри.

Министерството за сообраќај во Колорадо предупреди на затворање на патишта и ги замоли луѓето да не тргнуваат на патот, освен ако е неопходно.

Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер изјави дека вчера се откажани околу 750 летови, а денеска сите 1.250.

OhridNews