Оваа сабота во Џез Ин гостува саксoфонистот Иван Иванов, припадник на младата генерација на македонски џез-артисти, кој своето музичко образование го стекнува надвор од земјата, на музичкиот конзерваториум во Париз и на универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац.

 

Композициите напишани од Иванов покажуваат своја автентичност и структурна комплексност што е веќе докажана на неговиот прв албум „Wild Flower“ издаден од „Skopje Jazz Festival Records“.

Покрај Иван Иванов, во квартетот свират уште и Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – бас и Виктор Филиповски – тапани

Концертот започнува во 22:00 часот, а билетите по цена од 100 денари можат да се купат пред почеток на концертот во Џез Ин.

OhridNews