Традицијата на капење во езерските води за празникот Богојавление-Водици на жителите од Долна Влашка маала, продолжува. Годинава, по втор пат, точно на пладне, се фаќаше и светиот крст по чинот на осветувањето на водата од страна на парохискиот свештеник во црквата „Свети Никола“, отец Сашо Ристески. Најбрз до светиот крст беше Миле Чавдаров.

Традиционално, неизоставен дел од одбележувањето на празникот беа топлата ракија и пачата, во чие подготвување и делење учествуваа и гости од други градови, кои децении наназад доаѓаат токму во Охрид со своите пријатели да го поминат празникот.

Фаќачот на крстот од црквата за подарок доби икона со Богојавление и дрвено крсте.

Т.К.