Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против 36- годишен охриѓанец.

При претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронашла  околу еден килограм опојна дрога Марихуана, што била сокриена во звучник во дневната соба, спакувана во неколку помали најлонски кеси и во тегли.

Марихуаната, пријавениот  ја купил пред еден месец од лице од Скопје   по цена од 500 евра. При купо-продажбата, дрогата била спакувана во една најлонска кеса облепена со самолеплива лента по што пријавениот, откако ја пренесол во неговиот дом, извршил нејзино препакување во помали најлон кеси и во мали тегли.

Така спакуваната марихуана тој имал намера преку свои канали да ја продава   на наркопазарот односно требало да ја препродава на наркозависници од Охрид и Струга, со кои претходно договарал средби.

При претрес во неговиот дом, дополнително, пронајдени се една направа за мелење марихуана, 10 отпушоци од рачно изработена цигара со траги од марихуана како и други предмети што се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.  

Инаку, пријавениот е лице кое досега не е познат во службата како извршител на вакви и други казнени дела.

OhridNews