СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37- годишен охриѓанец за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

При претсрес на неговиот дом на улицата  „Егејска“, биле пронајдени 89 семки од растението канабис „сатива“, како и три отпушоци од наркотична дрога „марихуана“. Претходно, пријавениот на три лица им овозможил да користат од дрогата.

OhridNews