Во дом за стари лица во Загорје, во северозападниот дел на Хрватска, утрово избил пожар, во кој загинале шест лица од кои пет жени и еден маж.

Според првичните информации причина за несреќата е запалена греалка, но надлежните сеуште работат на утврдување на причините и големиот пожар кој целосно го изгорел објектот.

Капацитетот на објектот бил 20 луѓе, иако според дел од медиумите во Хрватска, во домот биле згрижени 50 луѓе.

OhridNews

фото:Jutarnji.hr