На 01.05.2025 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 30.04.2025 година во 23.30 часот, во стан во Охрид, едно лице физички нападнал 34 годишна жена од Охрид.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 30.04.2025 година во 13.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во кругот на Општата болница во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од охридското село Пештани врз 49 годишно лице од селото Велгошти.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.05.2025 година во 13.45 часот на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид приведено е 44 годишно лице од Струга.

Тој е затекнат на оддавање на наркотичка дрога. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews