На 26.05.2025 година во 22.15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишено од слобода е 50 годишно лице од селото Волино, општина Дебрца.
Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46 годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 26.05.2025 година во 09 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 34 годишно лице, двајцата од Охрид.
Лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews