Во два одделни случаи приведени две лица за агресивно однесување кон полициски службеници информираат од СВР Охрид.

На 04.04.2022 година во 03,55 часот, во СВР Охрид приведено и лишено од слобода е 33 годишно лице од Струга.

Тој претходно, пред казино лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 03.04.2022 година околу 05 часот во СВР Охрид приведено е 30 годишно лице од Охрид.

Тој, претходно на кружна крстосница помеѓу булеварите „Туристичка“ и „Јане Сандански“ во Охрид, со патнички автмобил „Фиат Панда“ со охридски регистарски ознаки, удрил во електричен столб и во заштитната ограда по што, физички им се спротивставил на полициски службеници кои преземале службени дејствија, вели Димоски.

Против двете лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews