Во два угостителски објекти во Охрид регистрирани девет прекршувања од Законот за заштита од пушење информираат од СВР Охрид.
На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење, вели портпаролот Стефан Димоски.
По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози.
OhridNews












