Вчера попладне, околу 18.30 часот, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишно момче од Скопје удрило во пешак М.Т. (58) од Охрид.

М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите, информира МВР.

На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Исто така вчера околу 19.00 часот во с.Богојци, струшко, К.А.(49) од с.Богојци, се повредил сечејќи дрва. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што им подлегнал на повредите.

Увид извршила екипа од Полициска станица Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти МВР.

OhridNews