Вчера утрото во 09,15 часот на крстосница помеѓу бул.„Македонски Просветители“ и бул.„Туристичка“ во Охрид патничко моторно возило “тојота корола“ со струшки регистарски ознаки управувано од 50 годишно лице удрило во велосипедист (39) од Охрид.
По незгодата велосипедистот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информира МВР.
OhridNews












