Иницијативата „Часот на планетата“ земја можеби немала поголема симболика отколку денес, во екот на пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Вечерва (сабота), точно во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници споменици во повеќе од 8.000 града во преку 180 држави ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука и дека само ние како поединци ја имаме моќта да го промениме тоа.

Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталната основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени“, се наведува во соопштението на Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата земја.

Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) оваа година ги повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за Земјата на интернет платформата „Глас за Земјата“. Овие потписи во текот на годината ќе бидат презентирани на светските лидери и носители на одлуки на глобалните форуми како Генералното собрание на ОН, за да помогнат во креирање на нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира заштитување на преостаната природа и ќе се обиде да помогне во реставрирање на досега загубеното, а истовремено гарантирајќи ја нашата иднина на оваа планета.

Глобалната стапка на губење на природата во последните 50 години е од невиден размер во човечката историја и преставува закана за човечките животи и благосостојбата во светот“, вели Марко Ламбертини, генералниот директор на Светкиот фонд за природа (WWF). „Природата е бесценет бенефит кој ни обезбедува храна, вода и чист воздух, и е еден од нашите најголеми сојузници во борбата против климатските промени. Затоа е важно да го дадеме нашиот Глас за Земјата, за да ги притиснеме светките лидери да донесат Нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира иднина за сите на“.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Традиционално дел од оваа иницијатива е и градот Охрид.

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, еко акцијата „Час на планетата Земја“ во најголем дел од светот ќе се проследи со видео преноси.

OhridNews