– На ниво на општина Охрид досега не е евидентиран случај со класична слика на грип, ниту во Инфективното одделение при Општата болница, ниту пак во приватните здравствени ординации. Настинки има, но не и вирози, објаснува д- р Јованка Коровешоска од охридскиот Центар за јавно здравје.
Според д- р Коровешоска, врз ваквата состојба влијание имало и вакцинирањето против сезонски грип кое во Охрид започна да се врши од почетокот на месец октомври.
Оние кои чуствуваат симптоми на настинка или грип, кои се манифестираат со болки во мускулите и зглобовите, покачена температура, кашлање, воспалено грло, се советуваат да не користат лекарства на своја рака, туку веднаш да го посетат својот матичен лекар.
Да се внесуваат повеќе витамини преку овошје или во таблета, често да се мијат рацете со сапун или со антибактериско средство, да се избегнуваат контакти со заболени лица. На луѓето кои се заболени од грип им се препорачува мирување , консумирање многу течности , да избегнуваат употреба на алкохол и цигари и ако е потребно да земаат лекарства препорачани од доктор.