Осум килограми херион за кој постоеле информации дека бил внесен од Македонија, запленила полицијата во Елбасан, пишуваат албанските медиуми.

Во полициската акција, било уапсено едно лице, кој заедно со уште неколку соработници бил дел од алката за шверц на дрога. Како што известуваат тамошните медиуми, во шверцот биле вмешани и македонски државјани.

OhridNews