Во текот на 12-тата недела од 2014 година, во Македонија се пријавени 1.142 новозаболени од грип / заболувања слични на грип, што е намалување за 34,7% во однос на минатата недела и 32% намалување во споредба со бројот на заболени во 12-тата недела минатата сезона.
Во сезоната 2013/2014, заклучно со 12-тата недела, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 27.552.
Во текот на 12-тата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.
Според официјалните податоци на републичкиот Центар за јавно здравје, најголем број пријавени случаи на заболени од грип имало во месец февруари.
OhridNews