Фудбалската федерација на Македонија преку соопштение на својата веб страна ја информираше јавност во Македонија дека ги следи написите во дневниот печат за изјавите на нашиот интернационалец Горан Пандев во врска со неговата иднина во националниот тим.
“До овој момент во канцеларијата на ФФМ нема официјално известување од Пандев за негово евентуално „откажување ” од националниот тим , ниту пак за тоа сме известени од Стручниот штаб на репрезентацијата.
Од тие причини сметаме дека е рано ФФМ да ги коментира овие изјави во печатот додека не добие дополнителна информација од Стручниот штаб и селекторот Мирсад Јонуз кои се единствени кои контактираат со репрезентативците и отворено разговараат за сите проблеми, повреди, стандардни настапи во тимовите и сл.
Бидејќи Горан Пандев поради повреда не е во комбинација за следните квалификациски средби со Андора и Русија, сметаме дека не е потребен дополнителен притисок врз нашиот репрезентативец кој очекуваме лично да реагира на овие изјави , односно да ги потврди или демантира.“ – се вели во соопштението на ФФМ.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.