45-годишно лице од струшкото село Велешта, вчера, во СВР Охрид пријавило нарушување на јавен ред и мир, случен на 13 декември оваа година, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според пријавата, нарушувањето се случило во 17 часот и 20 минути на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога, бил лицето кое пријавило физички било нападнато од жител на селото Лешани-општина Дебарца. По нападот, него му била укажана лекарска помош, по што, пет дена бил задржан на болничко лекување.












