Вчера околу 13 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга случено е нарушувањето на јавниот ред и мир и физички напад од страна на 18-годишно лице од струшкото село Радолишта врз негов врсник од Струга.
– Во нарушувањето, пријавениот со тупаница го удрил лицето во пределот на носот кој се здобил со телесни повреди констатирани во општата болница во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По насоки од надлеженото Јавно обвинителство, вчера во полициската станица во Струга е повикан пријавениот по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
OhridNews












