Деновиве после 2,5 години континуирани поправки, Ј.П. „Охридски Комуналец“ја стави во функција и поголемата метачка од 4 кубици, со што ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот во извршувањето на редовните активности за одржување на јавната хигиена по улици, тротоари, велосипедски патеки, плоштади, кејови, паркиралишта и други површини.

Со овие специјални возила ќе се одржуваат и најпериферните делови од градот, како и селата и приградските населби. Во тек е постапка за спроведување на јавна набавка за уште едно специјално возило за метење со цел уште поголема ефикасност и квалитет во одржувањето на јавно-прометните површини. -информираат од „Комуналец“.

OhridNews