Денес, во галеријата „Робевци“ во 19:30 часот, Центарот за културен проток “АРТерија” – Охрид во „мултивит“ ја додава третата витаминска доза на Елена Ѓорѓиеска од Битола.

За месецот април ЕЛЕНА ЃОРЃИЕВСКА ве дозира со *1000 мг слики, во антропогеометризирана витаминска состојба која е пријатна и убава за конзумирање. За да го одржите културниот дух во позитивна стабилност ви препорачуваме да ја примите и оваа состојка од мултивитАРТизацијата.

*забелешка:
Дозволено е користење и поголема количина од препорачаната бидејќи не постои опасност од предозирање, затоа што витамините се на природна база и не се нималку штетни за организмот.;)

Елена Ѓориевска е дипломиран сликар на ФЛУ во Скопје, во класа на Вело Ташковски (2005), магистрирала на истиот факултет (2008), дипломирала како ликовен педагог на истиот факултет (2007), член на ДЛУМ од 2006, на ДЛУБ од 2007.

OhridNews