Во оваа изложба се поместени 35 дела, слики, графики и минијатури. Сликите се создадени во техника акрил на лесонит , додека графиките и минијатурите во сите графички медиуми(бакропис,акватинта,линорез,линогравура и сува игла). Тематски,изложбата се поврзува со долгогодишните ” археолошки истражувања” на терените низ Македонија, поточно по течението на р.Пена(тетовско) , Велес(с.Нежилово) , локалитетот Куклици и Кокино.
Графиките,минијатурите и сликте се работени во два циклуси кои меѓусебно се надополнуваат. Во првиот циклус доминираат машките и женските фигури чии обредни и церемонијални игри реферираат на радоста на живеењето , светлината , и принципот на животот воопшто… Додека , во вториот циклус доминираат знаците на карпите и на камењата , кругови , триаголници , спирали , ромбови , купули , пиктажи но и маската како значаен ритуален симбол за бракање на злите духови…