
Како што информираат од охридската Противпожарна единица, во пожарот кој поради ветрот се ширел со голема брзина биле зафатени плевна, штала, 400 бали сено, бил оштетен еден трактор, машини, а огнените јазици го зафатиле и добитокот кој се наоѓал во шталата- три крави и едно теле.
Во гаснењето на огнената стихија, Противпожарните единици интервенирале со две возила и седум пожарникари, но како што оттаму потенцираат, не можело многу да се направи за да се спаси добитокот и заштитат машините, поради оддалеченоста на селото и брзината со која се ширел огнот.
Се утврдуваат причините поради кои дошло до избивање на пожарот.
OhridNews











