Во организација на НУ Библиотека “Григор Прличев“ и “Македонската мисија за хуманост“, денеска, во Прличевата одајаќе бидат прикажани два документарни филма “Сродни души“ и “Запознајте не“ од младата македонска режисерка Марија Макеска.

Филмовите ќе се прикажуваат по повод 69 години од депортацијата на македонските Евреи. Со овие филмови режисерката се придружува кон документирањето и едуцирањето за холокаустот на Евреите во Македонија.

За филмот “Сродни души“ Макеска ја има добиено наградата за најдобар документарен филм на филмскиот фестивал “Направено од Мичиген“.

Проекцијата на филмовите ќе се одржи во 12 часот.

OhridNews