Информативна табла со основни податоци за вештачкиот мрст на пастрмката и значењето на овој ендемски вид риба неодамна е поставена на хангарот во кој се одгледува подмладокот на пастрмка во Хидробиолошкиот завод.


Тука посетителите можат да се информираат за историјатот на вештачкиот мрест кој за прв пат бил извршен во далечната 1934/35 година, кога е основан и Хидробиолошкиот завод.


На информативната табла се поместени информации за Охридското Езеро и живиот свет во него, како и фотографии од вештачкиот мрест и риболов со охридски чун.


Информациите се напишани на македонски и англиски јазик, а ги подготвија експертите од Одделението за применето рибарство и аквакултура при ХБЗ, Зоран Спиркоски и Душица Илиќ – Боева.

OhridNews