Во Холандија ќе се игра фудбал! Холандската фудбалската федерација нема намера да го прекине националното првенство и шампион и другите места за Европа, влегување и испаѓање да ги одреди на зелена маса.

Челниците во холандскиот фудбал во соработка со клубовите, тренерите и фудбалерите го одредија 19 јуни како датум за продолжување на сезоната. Можеби, претходно неколку дена да се одиграат заостанатите средби се со цел сите екипи на 19 јуни да стартуваат со ист број на одиграни натпревари.

Влијание на ваквата одлука на холандската федерација и клубовите има опомената од УЕФА. Европската куќа на фудбалот најави остри санкции за федерациите и одземање на местата во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа на клубовите ако се одлучат за прекин првенството.

Холанѓаните планираат преостанатите осум рунди од „Еридивајс“ лигата да ги завршат до крајот на јули. Првото коло би се играло без публика додека за понатаму не се исклучува можноста да се отворат стадионите.

Завршување на оваа сезона ќе донесе промени за следната. Почетокот во најквалитетната лига во Холандија е закажан за 21 август, а поради одржување на Европското првенства зимската пауза ќе биде исклучена.

OhridNews