Во хотелот Инекс утре, со почеток во 10.30 часот започнува 5-тото јубилејно издание на Codefest Tech festival, настан кој претставува прослава на технологијата, иновациите, стартапите и креативните млади.Официјалното отворање на фестивалот е со конференцијата Codeference.
На првиот ден од фестивалот, предвидени се многу говори и интерактивни активности. Паралелно се отвора и бизнис експото, каде ќе се претстават 10 компании и стартапи.
На 8-ми април започнува 32-часовниот Codefest Marathon. Ќе се натпреваруваат 27 тимови поделени во 3 категории: Млади (до 16 години), Студенти (од 17 години до мастер студии), и Професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти). Тимовите учесници на Маратонот доаѓаат од целиот регион и ќе се натпреваруваат во развој на иновативни идеи и прототипи. Паралелно со Маратонот во Вип салата на Инекс Горица започнуваат и практичните мултидисциплинарни работилници кои се бесплатни и отворени за пошироката публика.
На 9-ти април ќе се одвиваат финалните презентации на тимовите и нивната борба за освојување на награда на Маратонот. Потоа следува завршната церемонија на настанот со прогласување на победниците од страна на стручното жири и доделување на вредни награди. Фестивалот завршува со прогласувањето на победниците.
Настанот е основан и организиран од организацијата Стартап Зона од Охрид. Годинешното јубилејно издание на настанот е поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.Македонија кој се јавува како институционален покровител и коорганизатор на настанот.
OhridNews












