Судот во Загреб ги прогласи за виновни 15 фудбалери и членови на управите на клубовите, кои се обвинети за местење на фудбалски натпревари во хрватската лига, пренесе Хина.

Затворски казни во траење од шест до девет месеци добија 13 од обвинетите, додека на двајца им се изречени условни казни.

Сите 15 осудени ќе мораат во рок од 15 дена да ги вратат незаконски стекнатите 1,2 милиони куни (околу 180.000 евра).

Процесот за местење на седум натпревари, како и за обид за местење на три натпревари, траеше седум месеци.

“Макфакс“
Ohridnews