Во инцидент во Велес, денес претпладне, со неколку истрели од огнено оружје е застрелан полицаец кој бил на должност. Полицаецот е испратен во Клинички центар во Скопје, со четири куршуми во пределот на стомакот.

Инцидентот се случил во 10.15 часот кај градските гробишта во Велес, кога полициски службеници, при преземање на службени дејствија, биле физички нападнати од четири лица. Едното лице одзело пиштол од еден од полицајците и со него пукал.

По извршени медицински интервенции врз повредениот, лицето се наоѓа во стабилна состојба.

Тројца од напаѓачите се приведени во Полициската станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews