Италијанската анти-терористичка единица разби мрежа на Сиријци и Мароканци осомничени за префрлање пари за екстремисти на Блискиот Исток. Полицијата спроведе акција врз основа на 14 налози за апсење издадени од судовите во северна Италија и островот Сардинија. Засега не е јасно колку луѓе се приведени во операцијата.

Осомничените се обвинети за поврзаност со терористички групи, финансирање на тероризам и кршење на финансиските закони. Полицијата извршила претрес во 20 куќи во три области во северниот дел на Италија и на Сардинија.

OhridNews
Макфакс