Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2012, изнесува 20 982 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Платите во јануари оваа година во споредба со минатата бележат намалување за околу 0,2 проценти.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејност и дејности на осигурување (17.3%), Административни и помошни услужни дејности (6.0%) и Уметност, забава и рекреација (3.0%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (27.2%), Административни и помошни услужни дејности (14.3%) и Други услужни дејности (8.7%).

Во јануари 2012 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews