Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2013 година изнесува 31 764, а бројот на ноќевањата изнесува 66 984.

Бројот на туристите во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, е намален за 5.9%, а бројот на  ноќевањата е намален за 5.7%. Бројот на домашните туристи во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, е намален за 2.9%, а бројот на странските туристи е намален за 8.5%.

Бројот на туристите во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има намалување за 2.3%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2013 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 5.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 18.7%, а кај странските има намалување за 6.1%.

OhridNews