Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 се издадени 169 одобренија за градење што е за 1.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во наведениот период во Охрид се издадени 12 одобренија за градење, чија предвидена вредност изнесува 53, 4 милиони денари.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење во земјата 74,6% се наменети за објекти од високоградба, 7.7% за објекти од нискоградба и 17,7% за објекти за реконструкција.

OhridNews